Бизнис
9. јуни 2017 - 9:12

Состанок за Програмата за економски реформи

Министерството за финансии денеска во Скопје организира иницијален состанок за Програмата за економски реформи.

На состанокот, како што најави ресорното Министерство, ќе се обратат министерот за финансии Драган Тевдовски, претставникот на Директоратот за соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија, Вилем Ное, како и раководителот на Одделот за Југоисточна Европа во ОЕЦД, Маржена Кисиелевска.