Состанок за состојбата со африканската чума кај свињите

Ветеринарната комора денеска ќе одржи состанок со претставници на ветеринарни друштва вклучени во активности од јавен интерес, а на кој ќе се разговара за подготвеноста, наредните мерки, проблеми и потешкотии во спроведувањето на активностите за контрола и сузбивање на африканската чума кај свињите.
На дневен ред е е известувањето за резултатите од барањето за корекција на цените за активностите од јавен интерес и донесување соодветни заклучоци за понатамошно делување.
Од комората информираат дека го организираат состанакот на барање на ветеринарните друштва со цел да се разгледа целокупната ситуација во контекст на појавата на африканската чума кај свињите во корелација со катастрофалната материјална ситуација на приватниот ветеринарно-здравствен сектор, кој, како што укажуваат, се наоѓа на првата линија на одбрана од заразните болести и претставува важна алка во целокупното јавно здравје.
-Докторите по ветеринарна медицина подолг период бараат адекватен општествен третман во поглед на нивниот материјален статус, а незадоволни од ситуацијата од неодамна најавуваат и прекин на својата работа, доколку не се најдат соодветни решенија за финансирање на секторот, информираат од Ветеринарната комора.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
