Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
РАБОТИ НА ПАТ:
Од 03.7.2023 ќе се започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга - Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 - асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целсно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.7.2023 г.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
