Македонија
21. October 2023 - 8:41

Состојба на патиштатa

НАЈАВА ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ: Од 23.10.2023 г. ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје – Тетово. 

Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви  коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП “Блаце”-Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце, до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот премин “Блаце” од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два кружни тека) со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.