Македонија
24. February 2017 - 16:46

Состојбата во Македонија на Западниот Балкан тема на претстојниот Самит на ЕУ

Иако овој пролетен Самит на Евросоветот е редовно посветен на економски теми, овојпат на предлог на неколку држави ќе се разговара за се поголемите тензии во овој регион чиј дел е и Република Македонија.

Токму долготрајната политичка криза што може да прерасне во меѓуетничка во Македонија, но и речиси идентичните проблеми на Косово, во Босна и Херцеговина и Албанија, предизвикаа првите луѓе на Европската унија да го стават и Западниот Балкан на маса, а со цел и да им дадат уште една поддршка на земјите од регионот за нивна европска перспектива. Од тие причини, според информации од официјален Брисел, Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, идната недела таа ќе оствари посета на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина, по што треба да подготви извештај кој ќе им биде претставен на лидерите на ЕУ-земјите.

Со оглед на тоа што по референдумот за излез на Велика Британија е започнат процес на истапување на Обединетото Кралство од ЕУ, овој Самит на Европскито совет ќе започне со британската премиерка Тереза Меј на масата, но по завршувањето на формалниот дел, останатите лидери на 27 земји-членки на Унијата ќе седнат и издвоено исто така ќе одлучуваат за економските теми и за Западниот Балкан