Совет на ЕУ: Турција продолжува да се дистанцира

Советот за општи работи на ЕУ забележа дека Турција продолжува да се дистанцира од Европската унија, јави ДПА, повикувајќи се на заклучоци од состанокот на Советот.
Земјите од ЕУ ја критикуваа надворешната политика на Турција, за која велат дека се повеќе се коси со приоритетите на ЕУ. Тие го наведуваат примерот на Либија, каде се тврди дека владините сили добиваат илегални испораки на оружје од Турција.
Во заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ беа критикувани и прекршувањата на царинскиот договор меѓу Турција и ЕУ.
Советот, исто така, ја нагласува својата „сериозна загриженост за натамошното загрижувачко повлекување во области како што се демократијата, владеењето на правото и основните права, вклучително и слободата на изразување, како и систематскиот недостаток на независност на судството“.
ДПА посочува дека преговорите со Турција не се целосно прекинати поради важноста на земјата во борбата против илегалната миграција во Западна Европа. Турција ќе продолжи да добива финансиска помош од ЕУ и идно финансирање за бегалците, се вели во документот.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
