Советници на британската влада не препорачуваат четврта доза вакцина против Ковид-19
Советници на британската влада препорачаа да не се дава четвртата доза вакцина против Ковид-19 на корисници на старечки домови и на лица постари од 80 години, бидејќи податоците покажуваат дека третата доза обезбедува трајна заштита од посериозни форми на болести кои бараат хоспитализација.
За лицата постари од 65 години, заштитата од одење во болници останува околу 90 отсто три месеци по примањето на третата доза, според податоците собрани од Британската агенција за здравствена безбедност.
Како резултат на тоа, Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација ја советуваше владата дека во моментов нема потреба да се нуди четврта доза, или втора засилена доза, на ранливото население. Наместо тоа, владата треба да се фокусира на добивање трета доза што е можно повеќе луѓе за да ја зајакне заштитата од високо преносливиот сој Омикрон, советува Комитетот.
„Сегашните податоци покажуваат дека бустер дозите продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од тешки болести, дури и за најранливите постари возрасни групи“, рече професорот Веи Шен Лим, претседател на комитетот. Тој додаде дека поради тоа комисијата заклучила дека нема итна потреба од воведување втора бустер доза, но рече дека таа ќе продолжи да се следи и разгледува.
Омикрон сојот на коронавирусот предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница.
Бројот на пациенти со Ковид во Велка Британија се искачи на 18.454 во четвртокот, повеќе од двојно во однос на две недели претходно. Поради зголемувањето на отсуствата во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал.
Повеќе од 39.000 вработени во болниците во Англија на 2 јануари не биле на работа поради Ковид-19, што е скок од 59 отсто во споредба со претходната недела, објави англиската здравствена служба.
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари