Советник на Зеленски: Украина губи меѓу 100 и 200 војници дневно
– Советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Би-Би-Си дека од 100 до 200 украински војници ги губат животите на линијата на фронтот секој ден.
Михаило Подољак рече дека на Украина и се потребни стотици западни артилериски системи за да ги израмни силите со Русија во источниот регион Донбас. Тој додаде дека Киев не е подготвен да ги продолжи мировните преговори со Москва.
Украинските трупи се под постојано бомбардирање додека руските сили се обидуваат да ја преземат контролата врз целиот Донбас.
„Руските сили фрлија речиси секое ненуклеарно оружје на фронтот, а тоа вклучува тешка артилерија, ракетни системи и авијација“, рече Подољак. Тој го повтори повикот на Украина за повеќе оружје од Западот, велејќи дека „целосниот недостаток на еднаквост“ меѓу руската и украинската армија е причината за големиот број украински жртви.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка