Македонија
5. July 2024 - 12:21

Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање

Советот на Јавни обвинители е против предлогот на власта за распуштање на телото надлежно за состојбите во јавнообвинителската служба. Претседателката Душица Димитриевска вели дека најголем дел од членовите на советот се избрани на непосредни избори од обвинителите и нивното разрешување со закон, ќе предизвика штета. Смета дека не треба да се говори за колективна одговорност, туку таа мора да се регулира индивидуално.