Советот на општина Берово не го усвои предлог-буџетот за 2017
Општина Берово од 1 јануари ќе го користи инструментот за времено финансирање на општината бидејќи на Седницата на Советот не беше усвоен предлог-буџетот на општината во висина од околу 280 милиони денари, кој во текот на расправата беше повлечен од градоначалникот на Берово Драги Наџински.
Како што истакна претседателот на Советот Јован Матеничарски, советниците од СДСМ кои го имаат мнозинството во Советот со амандмани интервенирале во буџетот во делот од непродуктивните трошоци и средствата од патни и дневни трошоци, разни трансфери да бидат пренаменети во капитални расходи.
- Изградба на водовод во село Двориште кое е во многу лоша состојба и изградба на канал на улицата „Вељко Влаховиќ“, за заштита од поплави. Станува збор за средства во висина од 4,5 милиони денари. На Седницата донесовме одлука за времено финансирање што подразбира општината од 1 јануари до 31 март 2017, да се исплаќаат средства по сметки од програми и ставки најмногу во висина од 1/3 од вкупно извршените расходи во првиот квартал од претходната година, истакна Матеничарски.
Градоначалникот Наџински потенцираше дека тој како градоначалник го повлекол предлог-буџетот бидејќи советниците од СДСМ побарале да се укинат и платите за вработените во Јавната установа старски дом „Димитар Влашки“.
- Јас ги прифатив сите нивни амандмани, иако не беа на време донесени, но не можам да прифатам петте вработени лица кои работат во Домот за стари лица да не земаат плата. Тоа не е хумано, уставно право е секој да зема плата. Тие ги изгласаа сите амандмани и ги укинаа ставките за Домот за стари лица, а јас не дозволив да се изгласа таков буџет. Општината до 31 март идната година ќе биде финансирана со времено финансирање од страна на Министерството за финансии, а доколу побараат да се донесе буџет во наредниот период, јас ќе го предложам истиот буџет до советниците, рече Наџински.
Ново на Сител
-
Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски
-
Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
-
Багерист во Мирковци пронашол експлозив
-
Кривична против седум лица за „несовесно работење во службата“ - Предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32,000 евра
-
Кривична пријава против 50 годишен скопјанец - Нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
-
Малолетници нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да го силуваат
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер