Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам
Советот на општина Шуто Оризари денеска одржа комеморативна седница по повод ненадејната смрт на поранешниот пратеник и претседател на политичката партија „Сојуз на Ромите“ Амди Бајрам.
На седницата, како што соопштија од Општината, се оддаде почит со едноминутно молчење, и се говореше за придонесот на Бајрам за развој на Ромската заедница во Република Македонија.
Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш го истакнал значењето на придонесот на Бајрам во зачнување на идејата за основање на општината, вклучително и во реализација на идејата во 1997 година.
– Денес, резултатите од неговата долгогодишна присутност во политиката како застапувач на Ромското прашање се видливи во сите општини во државата каде живеат Роми, во сите сфери – вработување, домување, образование, инфраструктура.
Покрај покојниот Абди Фаик, додаваат од Општината и Амди Бајрам ќе биде исто така запаметен во историјата на Ромите во земјава, како прави борци кои работат во зајакнување на положбата на Ромите и зајакнување на еманципацијата на Ромите.
– Советот на општина Шуто Оризари, во знак на благодарност и сеќавање на делата на Амди Бајрам денешниот ден – 25 октомври 2020 година го прогласува за Ден на жалост, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
УХМР: Нестабилно со врнежи од дожд, силен ветер и заладување
-
СПМ: Пресметките што ги објави вицепремиерот Битиќи за зголемената минимална плата се социјалдемократски фалби без мерка
-
Во Собранието утре седница за пратенички прашања
-
Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 224 санкции, 193 за брзо возење
-
Вработените од Министерството за култура на протест, бараат средба со министерот за финансии
-
Ковачевски: Со заштитени идентитетски одредници сме рамноправна членка на НАТО, трасираме пат кон ЕУ
-
Сојузот на средношколци на средба во МОН за барањата за државната матура