Македонија
25. April 2016 - 8:35

Советување за канцелариско и архивско работење

Советување за „Правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење“ ќе се одржи денеска и утре во Музејот на македонската борба во Скопје, во организација на Државниот архив на Република Македонија.

Во рамки на советувањето ќе бидат презентирани измените во законските и подзаконски акти за канцелариско и архивско работење, техниките на канцелариско и архивско работење, како и надлежностите на Државниот архив во инспекцискиот надзор, а ќе се дискутира и за предизвиците пред кои се наоѓа јавната администрација со користењето  на електронските документи.

Советувањето ќе го отвори директорот на Државниот архив Филип Петровски, а како што е најавено, на него ќе учествуваат претставници од државни органи и јавни институции во земјата, иматели на јавен архивски и документарен материјал.