Современи ортопедски додатоци и помагала за лицата со телесна попреченост
Триесет и шест лица со телесна попреченост денеска добија посовремени, пофункционални и посигурни помагала кои треба да ја олеснат нивната подвижност и мобилност. Помагалата се обезбедени од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, од средствата во висина од 1,6 милиони денари, што Министерството за труд и социјална политика му ги додели на Сојузот согласно програмата за работа и одобрениот финансиски план за 2018 година.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска присуствуваше на доделувањето на ортопедските помагала, истакна дека ова покажува оти парите се трошат наменски и одат за задоволување на потребите на овие лица.
-МТСП се грижи за сите граѓани со одредени попречености или телесни инвалидности за да можеме да направиме максимум и во делот на права и во делот на услуги за навистина да се подобри квалитетот на нивниот живот. Министерството прави напори со обезбедувањето средства потребни за функционирањето на Националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe, изјави министерката Царовска.
Бранимир Јовановски претседател на Мобилност Македонија вели дека со ваквата намена на добиените средства од МТСП, сакаат да го подигнат нивото на јавна свест на лицата кои ги раководат институциите на државата.
Со овие средства што ги добиле од МТСП, Сојузот набавил 19 силиконски лајнери за лица кои имаат ампутација на екстремитет, 20 електрични додатоци кои можат да се инсталираат на било кој тип инвалидска количка и да го забрзаат и олеснат движењето низ градот, седум ортопедски чевли со повишување над шест сантиметри, а околу 271 илјада денари се доделени за помош на членовите при лекување и набавка на ортопедски помагала.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател