-->
-->
СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-->

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил од групната фаза на Светското првенство поради повреда на листот, изјави денеска селекторот Карло Анчелоти.
„Тој работи напорно за да се рехабилитира што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела“, рече Анчелоти.
Бразил стартува на Мундијалот вечерва на полноќ против Мароко во единствениот натпревар од групната фаза во кој ќе се соочат две репрезентации од Топ 10 на ФИФА рангирањето. Бразил е на шестото, а Мароко на осмото место.
Нејмар последен пат играше во натпревар од бразилската лига за својот клуб Сантос на 17 мај и ги пропушти сите подготовки на Бразил за Светското првенство поради повреда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
