СП 2026: Во неизвесен натпревар со поништени голови Португалија ја совлада Хрватска за осминафинале

Репрезентацијата на Португалија успеа да се пласира во осминафиналето откако ноќеска во Торонто ја победи Хрватска со 2:1 во еден од најдобрите натпревари на Мундијалот. Во следниот натпревар Португалија ќе игра против Шпанија која синоќа со 3:0 ја победи Австрија.
По не толку добро прво полувреме исклучително второ одиграа Португалија и Хрватска. Со голот на Иван Перишиќ во 53.минута Хрватска поведе со 1:0. Потоа следуваше поништен гол на Кристијан Роналдо во 61.минута, но седум минути подоцна од пенал по прегледување на ВАР снимката истиот фудбалер изедначи на 1:1. Во 81.минута поради офсајд беше поништен гол и на Петар Сучиќ.
Голот за победа Португалија го постигна во 90+4 минута, а стрелец беше Гонсало Рамош. Во 90+13 Хрватска постигна гол за 2:2, но сепак судијата Еспен Ескас го поништи поради офсајд по прегледувањето на ВАР снимката.
Во тек е последниот натпревар од програмата за 2.јули меѓу Швајцарија и Алжир.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
