-->
-->
СП: По нормата и бронза за Бикова
-->
Одличен настап на македонската параолимпијка Оливера Наковска – Бикова на Парасветското првенство во Чеонгју, Јужна Кореја каде освои бронзен медал во дисциплината воздушен пиштол и обезбеди директен пласман на Параолимписките игри во Токио 2020 година.
Во конкуренција на 31 натпреварувачка Бикова го израмни светскиот рекорд од 570 кругови, а во финалето го освои третото место со резултат од 214,3 кругови.
Покрај дисциплината воздушен пиштол, македонската репрезентативка пукаше и во дисциплината спортски пиштол – 25 метри и со резултат од 569 кругови влезе во финалето како четвртопласирана. Сепак, во финалето заврши како шеста.
За Наковска – Бикова ова е трет бронзен медал во серија, откако претходно се радуваше и на СП 2010 во Загреб, односно на СП 2014 во Сеул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата