-->
-->
СП Ракомет: Томовски и Димитриоски не отпатуваа за Минхен
-->

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на 18 учесници на Мундијалот во Германија и Данска. Меѓу патниците ги нема голманот Мартин Томовски и Димитар Димитриоски.
Младиот Димитриоски кој игра на левата крилна позиција е најголемиот малер во националниот тим бидејќи се повреди на последниот тренинг иако важеше за сигурен патник на шампионатот и се очекуваше негова добра минутажа. Неговото место го зазеде Милан Лазаревски од Металург. Конечната бројка која ќе ја пријави Гонзалез е 16, така да преостанатите двајца ќе бидат резерви. Да потсетиме, во текот на СП селекторот ќе има право на максимум три замени во својот пријавен состав.
Ракометната експедиција рано утринава од Скопје преку Загреб замина за Минхен каде на 11. јануари во премиерниот меч игра против Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
