Loading Video...
Ракомет
7. August 2019 - 19:46

СП У-17: Аргентина е минато се размислува за следните противници

Македонската кадетска репрезентација во меч со две различни полувремиња е поразена на стартот од ракометниот мундијал што се игра во Скопје.  Избраниците на селекторот Брестовац непријатно беа изненадени од  селекцијата на Аргентина.

Играта во првиот дел, борбеноста, тактичката дисциплина  навестуваа  добар резултат за македонската репрезентација  но се падна во вода во последните 15 минути од средбата  кои противникот ги доби со 13-5.

Предводени од расположениот Костески кој не грешеше  нашите млади ракометари го решија првиот дел со предност од 13-9.  Во вториот дел предноста скокна на +5, 16-11 и тука како да застанавме дозволивме противникот да се разигра и не само што го израмни резултатот туку и да обезбеди водство. Кога во финишот Серафимов промаши седмерец  Аргентинците знаеја да се одлепат и да се радуваат на заслужената победа од 23-20.

Костески со 6 погодоци беше најдобриот поединец во редовите на Македонија. Кај Аргентина се истакна Гарсија со 7 гола.

Денеска е слободен ден за нашата репрезентација а утре во истиот термин 20.30ч на програмата е пресметката со Нигерија.

На шампионатот денеска неколку средби од 2. Коло. Селекцијата на Германија која загуби на стартот  денеска убедливо го совлада Тунис со  36-15 додека Франција  во многу поизрамнет меч дојде до втора победа на првенството совладувајќи го Египет со 28-24.