-->
-->
СП2022: Холандија почна со победа
-->
Холандија со два гола во финишот го совлада вчера Сенегал 2-0 (0-0) во рамки на воведното коло во групата А на Светското првенство во Катар.
Сенегал беше повеќе од рамноправен противник на дуелот на „Ал Тумама“ стадионот во Доха, но откако не реализираше неколку изгледни шанси за гол, казната дојде на спротивната страна.
Прво во 84. минута Коди Гакпо со прецизен удар со глава и донесе водство на Холандија, а печат на стартната мундијалска победа стави Дави Класен во деветтата минута од судиското продолжение.
Вчера на отворањето на Мундијалот во истата група Еквадор го совлада домаќинот Катар со 2-0.
Во следното коло, Холандија ќе игра против Еквадор, додека домаќинот Катар против Сенегал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април