„Спајс Грлс“ на посебен начин ќе го прослават 20-от роденден
За повторното обединување на славната женска група од 90-тите години на минатиот век се говори веќе со години, но изгледа дека убавиците од „Спајс Грлс“ конечно ќе се „спојат“ на 20-годишнината од основањето на бендот.
Ваквата најава ја даде Ема Бантон, некогаш позната како Бејби Спајс, која призна дека сериозно се разговара за можно повторно обединување на групата.
- Работата е во тоа што треба добро да се организираме и да се собереме, што всушност не е толку лесно. Знаете, сега сите имаме деца и семејства, а секоја од нас има и своја кариера. Но, секако би сакале нешто да направиме, објасни Ема.
- Навистина би било штета годишнината да помине без ништо. Сите ние навистина сакаме да ја прославиме, само мораме да најдеме начин како, додаде Ема, со што предизвика голема мешаница меѓу обожавателите на женскиот бенд.
Групата „Спајс Грлс“ ја сочинуваа од Ема, Гери Халивел, Мелани Браун, Мелани Кишолм и Викторија Бекам.
Сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам би можела да биде најголемата пречка за обединување на бендот, бидејќи таа е единствена кој одбива да се појави заедно со своите некогашни колешки.
Но, Ема истакнува дека им е сеедно дали ќе ја добијат нејзината поддршка, додавајќи дека сепак и во нејзиното отсуство останатите четири девојки ќе ја одбележат годишнината.
Ново на Сител
-
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови
-
Семејството на Теодора: Зошто иницијативата „Кој е следен“ нема никаков интерес за нашиот случај?
-
Влада: Зголемувањето на платите продолжува
-
Трамп и Путин сакаат Зеленски да си замине: Дали се можни избори додека трае војната?
-
Зеленски: Новите разговори со Американците може да се одржат следната недела
-
Азиските берзи растат откако Трамп ги суспендира новите царини
-
Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник
-
Продолжуваат судењата против Мерко