СПАК: Разбиена албанска меѓународна група која прошверцувала тони кокаин, парите вложувани во Албанија, запленет милионски имот

На барање на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), судот ја изрече мерката „затворски притвор“ против десет албански државјани, кои се сметаат за меѓународна група шверцери на дрога кои во Европа носеле со тони кокаин.
Групата ја предводел Шпетим, или Салвадор Алиу, додека важна улога одиграл и Дритан Ѓика, кој во последните години станал познат инвеститор. На списокот на осомничени, кои се сметаат за групата од која се запленети 8 тони кокаин, се наоѓаат и Елди Диздари, познат и како Денис Матоши, Никол Бибај, Иса Алиу, Сокол Бибај, Флорјан Мусај, Налди Изеирај, Армандо Пезани и Оклид Алиу.
Истрагата, предводена од обвинителите на СПАК, Клодјан Брахо и Долореза Мусабелиу, фрла светлина врз пет епизоди на трговија со кокаин. Првата пратка од 700 килограми била запленета во Антверпен, скриена во контејнер со возила и резервни делови, истоварена од брод што штотуку пристигнал од Кина.
Истата група била “сопственик” и на пратка од 2.010 кг кокаин, пресретната во јуни 2020 година во Гвајакил, Еквадор. Наменета била за Холандија, а пратката била поделена според нарачателите, со логоата „Јагуар“, „Орел“ и „ББ“.
Третата пратка од 1.100 килограми кокаин била пресретната во Ротердам, откако била испратена од Еквадор, за да продолжи со следната пратка во декември 2020 година, со тежина од 4,1 тони кокаин, пресретната во Холандија.
Следниот удар е оној од 2021 година, кога групата се обидела да прошверцува 1 тон и 50 кг кокаин од Колумбија во Франција.
Во текот на годините 2019–2021, оваа група дејствувала во Латинска Америка, Бразил, Белгија и Холандија. Спроведените истраги покренале сомневања дека осомничените во овој период прошверцувале најмалку 50 тони кокаин.
СПАК наведува дека приходите на трговците со дрога биле префрлани во готово во Албанија, инвестирани во градежништво, недвижности, вили, земјиште, хотели и во купување акции во комерцијални компании.
Во оваа шема, шефот на групата, Шпетим Алиу, го активирал својот брат, Иса Алиу, преку пуштање во промет на трансфери од компанијата што била претставена како подизведувач, „Алиу Роуд Хаус“.
Според СПАК, оваа компанија била користена како подизведувач со цел да се избегне откривање, со што се следела формула за перење пари, преку која се вршеле фиктивни купувања на капитални акции во комерцијални компании по многу пониски цени.
Со преземање на контролата врз компаниите со минимални трошоци, средствата циркулирале преку заеми меѓу граѓаните и поврзаните компании, чиј имот е запленет.
СПАК наведува дека вкупно се запленети 491 имот. Нивната вредност е 150 милиони евра.
Во истрагата учествувале властите на Колумбија и Еквадор, како и Евројуст и Европол.
Во досието кое се смета за најголемо во регионот во областа на трговијата со дрога, NCA, позната и како англиско ФБИ, исто така обезбеди истражна помош, додека листата на блокирани средства вклучува 121 објект, вклучувајќи вили во станбени области и во заливот на Лалзи, хотели и земјиште на морскиот брегот, како и станбени кули во Тирана.
Покрај тоа, блокирани се 209 банкарски сметки, додека за седуммина од нарко шверцерите, според извештаите од меѓународните партнери, постојат индикации дека се кријат надвор од Албанија.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
