-->
-->
Спалети: Браво Тоти
-->

Франческо Тоти е легенда каква Рома веројатно никогаш нема да има, кај навивачите тој има статус на божество. Капитенот, во средата, испиша уште една страница во својата кариера, откако со два гола и ја донесе победата на Рома над Торино (3:2).
Веројатно ова и ќе беше нормално, доколку не станува збор за фудбалер кој има 39-години, кој нецели 60 секунди по влегувањето во игра го постигна првиот гол, а 120 секунди по првиот реализираше пенал за победа.
„Се надевав дека Тоти може да не инспирира, беше одлично да се слушне како реагираат трибините. Го направи токму она што ни беше потребно, она што се бараше од него. Беше ова тежок натпревар, но кога е тој на теренот, стадионот е целосно наш, атмосферата е поинаква, па и останатите играчи добиваат емотивен потстрек“, рекол Спалети.
Тренерот на Рома кој заедно со Тоти е теме број 1 во италијанските медиуми, поради наводна тепачка по неделнуиот меч со Аталанта, ппризнал дека бодовите од мечот со Торино се клучни за пласман на Рома во Лигата на шампионите.
„Ова веројатно е клучната победа, особено сега кога видовме како завршија останатите натпревари“.
На четири кола до крајот на италијанското првенство Рома е трета на табелата со 68 бодови, седум повеќе од Интер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
-

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
-

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст
-

САД се близу до договор за пристап до венецуелските нафтени резерви
