Спалети по триумфот во „Дерби дела Мадонина“: Уникатна фудбалска вечер

Тренерот на Интер, Лучано Спалети, им честиташе на своите фудбалери и на оние на Џенаро Гатузо по „Дерби дела Мадонина“.
„Нероазурите“ излегоа како крајни победници со 3:2, а средбата беше исполнета со одлични моменти. Стрелци за Интер беа Весино, де Вриј и Мартинез, додека за Милан прецизни беа Бакајоко и Мусакио.
– Кога се претставуваш лошо, ќе бидеш елиминиран од европски турнир и сите те критикуваат тебе, треба да разбереш што се случува погрешно и да го поправиш. Како што реков, мораме да работиме на подобрување на нашето однесување и тимска игра. Морам да му честитам на Лаутаро Мартинез за пеналот што го исполни и му честитам на Перишиќ за неговата самодоверба, рече среќниот Спалети по мечот во Милано.
Според него, противникот се претставил многу силно и Џенаро Гатузо треба да биде горд на своите фудбалери.
– Кога двата тима напаѓаат, секој може да победи или да загуби. Милано освои од ова Дерби и виде една уникатна фудбалска вечер, заврши тренерот.
Ново на Сител
-

Песков: Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, но ситуацијата е вонредна
-

МВР апелира да не се отвораат сомнителни линкови и пораки и да не се споделуваат лични податоци
-

Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
-

Мадона со поддршка за демонстрантите во Иран
-

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија
-

Променливо време со дожд, снег и магла – температурите во опаѓање
-

Томовски: Сакаме да одиме во следната рунда и се надеваме на најдоброто
-

Одземени пасошите на деветмина од уапсените од УЈП
