-->
-->
Спанулис советува, деца не го копирајте Кари
-->

Еден од најдобрите европски плејмејкери, Василис Спанулис, ги советува децата да не го гледаат Стеф Кари. Бекот на Голден Стејт е најдобриот шутер за три поени во НБА лигата, а пред две вечери погоди 13 тројки од 17 обиди и постави нов рекорд во НБА лигата.
„Кари е феномен, но за децата е подобро да не го гледаат што прави. Ќе се обидат да го направат истото и ќе се разочараат кога ќе видат дека тоа не е лесно. Јас лично никогаш не сум бил оптоварен со статистиката. Секогаш ми било важно да му помогнам на тимот“, рекол Спанулис.
Слично мислење има и поранешниот тренер на Кари, Марк Џексон.
„Ве молам да ме разберете правилно. Кари и штети на кошарката. Тоа го сфатив кога гледав еден школски натпревар. Речиси сите играчи експресно се обидуваат да го завршат нападот со шут за три поени. Тие мора да работат на сите аспекти на играта“, рекол поранешниот плејмејкер на Индијана Пејсерс и екс тренер на Кари, Марк Џексон.
Кари во моментов се наоѓа на 18-то место на вечната листа на најдобрите шутери за три поени, а меѓу 20-те најдобри тој има најдобар процент на реализација за три поени од дури 44 отсто (постигнал 1.625 тројки од 3.661 обиди).
Доколку породолжи со овој ритам Кари до крајот на кариерата ќе го престигне лидерот на вечната листа Реј Ален, 2.973 тројки од 7.429 обиди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за Рубикон - агенцијата што ја обезбедуваше опожарената диксотека
-

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар
-

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето
-

Роналдо најплатен на СП
-

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица
-

Венс: Нетанјаху има направено грешки, интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени
-

Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица
-

Невреме со урагански ветер и град ја зафати Словенија
