Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
Едно лице, странски државјанин, денеска паднало во непристапен терен во близина на хотел „Десарет“ во Охрид. При падот лицето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итната медицинска помош. Случајот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што информира ЦУК, поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира.
- Од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба „Патагонија“ од Охрид. Екипата од ТППЕ Охрид со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено од местото на настанот, па е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман, се вели во соопштението од ЦУК.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата