Спасени сите морнари од киднапираниот брод од сомалиски пирати
Сите 19 членови од екипажот на трговскиот брод што во Аденскиот Залив беше киднапиран од сомалиски пирати денеска се ослободени, соопштија меѓународните поморски власти, со седиште во Дубаи.
Бродот што пловеше под знамето на малата пацифичка држава Тувалу, превезувајќи сечени трупци од малезиското пристаниште Кенанг, за Аден, во Јемен, беше грабнат вчера, на околу 120 километри од јеменскиот брег.
Веднаш по тревогата што посадата на бродот ја упатила, дека на палубата се искачуваат пирати, бродови од три земји - Индија, Кина и Пакистан- кои биле во регионот тргнале кон грабнатиот брод и му го попречиле патот, предизвикувајќи промена на неговиот курс на пловење.
Во текот на ноќта бил направен план за ослободувањ на морнарите, а рано утринава, специјална група од кинескиот брод, се искачиле на грабнатиот брод и успеала да ги ослободи сите 19 членови на посадата.
Сите биле сокриени во специјално уредениот простор за безбедност, предвиден за ситуации доколку бродот биде киднапиран.
Според поморските власти, целата киднапирана посада била од Сирија, но во соопштението на индиското Министерство за одбрана се вели дека морнарите биле Филипинци.
Пиратите избегале од бродот во текот на ноќта.
Пиратството во близината на сомалискиот брег и во тој дел од Индискиот океан, достигна врв во 2011 година, кога беа грабнати повеќе од 200 бродови.
По меѓународната интервенција и воспоставеното патролорање на воени бродови, изминатите пет години, не беше грабнат ниту еден брод, иако имаше обиди за пиратски напади.
Прв ваков случај повторно беше регистриран минатиот месец, а по само две недели е забележан и инцидентот со бродот под знамето на Тувалу.
Ново на Сител
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија