Спасени три лица од немирните води на Дојранското Езеро
Денес околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице, кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското Езеро кое било зафатено од силно невреме.
Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото.
Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК.
„Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ). Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во едно драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност“, се вели во соопшртението од ЦУК.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска