Спасовски: Дигитална транформација на МВР – побрзи услуги до граѓаните и поефикасна полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја најави кампањата Дигитална трансформација на МВР. Оваа кампања, како што нагласува, ќе придонесе кон побрзи услуги до граѓаните и поефикасна полиција, а е во насока и на зелената агенда, придонесувајќи и кон заштеда на ресурси.
Тој на својот фејсбук профил информираше дека во периодот од 2017 до 2022 година МВР реализираше бројни активности во насока на дигитална трансформација на системите и процесите.
Според министерот, дигиталната трансформација отвора можности за достапен, транспарентен и респонзивен систем, кој содржи значајни елементи и на борба против корупцијата.
-Откако ова раководство стапи на чело на МВР, на стратешко ниво беа поставени активностите во насока на дигитализација и дигитизација, во контекст на реализација на целите коишто беа поставени во потпрограмите за „Развој на полицијата” и „Унапредување на заедничките функции на МВР”: унифициран и брз проток на информации во МВР; подобрување на услугите кон граѓаните и сервисна ориентација на МВР; повисока безбедност и надградба на телекомуникацискиот и информатичкиот систем на МВР, обезбедена квалитетна ИКТ инфраструктура и користење на нови технологии и мерки за информатичка безбедност, потенцираше Спасовски.
Сето ова, како што напомена, мора да биде придружено со напредна технологија и информациско-комуникациска инфраструктура, како и дигитално обучен кадар.
-Мерките и активностите на МВР за дигитализација на услуги и процесите се комплементарни со Програмата DIGITAL, нова програма на ЕУ насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, напиша Спасовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
