Македонија
28. September 2022 - 12:18

Спасовски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани граѓани од бошњачката заедница, дозволете ми во свое и во име на МВР да Ви го честитам 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, со желби за добро здравје и просперитет, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук.

– Денот кога претставниците на Бошњаците на Собор во Сарајево го вратиле своето национално име – Бошњак, е прогласен за Меѓународен ден на Бошњаците, празник кој е составен дел од нашиот културен и општествен мозаик и кој силно ги поврзува Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како матица на сите Бошњаци, со силно партнерство и билатерална и регионална соработка во повеќе области, а во насока на обезбедување на поквалитетен живот на сите наши граѓани.
Нашата цел останува да се грижиме за вредностите на нашиот концепт Едно општество за сите, секогаш водејќи се од начелата на еднаквост без разлика на етничката, верската или било каква друга припадност, пишува Спасовски.

Во духот на соживот и соработка, објави Спасовски на фејсбук, би сакал да оддадам признание на Бошњаците во нашата држава, за придонесот кон напредок, демократизација и европеизација на општеството.

– Нека е честит и за многу години заеднички да го одбележуваме Меѓународниот ден на Бошњаците!, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.