Спасовски: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите
Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите, од кои најголем дел на јужната граница со Грција, односно годинава бележиме тренд на намалување за речиси 50 отсто на обидите за илегални преминувања во однос на минатата година, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“.
Спасовски, како што соопшти МВР, на прашањето за моменталната состојба со илегалната миграција, одговори дека денес бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите-членки на ЕУ.
- Моменталната состојба на нашите граници не е споредлива со ситуацијата во 2015/16 година. Во тој период, повеќе од милион луѓе патуваа преку Балканската рута кон Европската унија. Во Северна Македонија, тогаш дневно регистриравме од 10.000 до 12.000 преминувања на границите. Денес, бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите-членки на ЕУ, изјави Спасовски.
Во однос на прашањето од каде пристигнуваат мигрантите, министерот Спасовски рече дека повеќе луѓе доаѓаат од Мароко, Пакистан и Авганистан.
-Професионални криумчари ги носат луѓето преку граница. Во Северна Македонија во првите осум месеци откривме 74 обиди за криумчарење на 734 мигранти. Доследно го гониме криумчарењето и поведовме постапки против 68 лица за криумчарење во првите осум месеци. За повеќето мигранти, Северна Македонија е само земја на транзит кон Западна Европа, рече Спасовски.
Министерот Спасовски додаде дека луѓето без разлика на нивното потекло, сакаат да одат во безбедни земји со стабилна економија, посочувајќи ги земјите како Германија, Австрија и скандинавските земји.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец