Спасовски: И денешните дојави за бомби се класичен пример за хибридна закана
– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во НБРСМ според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас.
– Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека НБ е 24 обезбедена, изјави Спасовски, по денешната посета и средби во СВР – Струмица.
Дециден е дека се преземаат максимално мерки, со нашите стратешки партнери, како што рече, со цел да обезбедиме доказ за било каков аспект.
– Загриженоста е голема, меѓутоа и целта на ваквите хибридни напади е токму тоа. Да се воспостави немир кај граѓаните, да има несигурност, да се влијае на институциите, да се трошат безбедносните служби во државата. Ефикасно се работи од страна на полицијата и ссите служби што се вклучени во тој дел. Имаме брзи проверки што ги имаме или напатствија веќе не само во училиштата и во другите институции како се постапува во таков случај, појасни Спасовски.
Напоменувајќи дека веќе во многу земји се променети протоколите во кои степенот на реалноста на заканата се утврдува пред да се преземаат мерки, министерот Спасовски информира дека веќе е разговарано со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилен екстремизам и очекува да се преземат активности со кои ќе се сменат протоколите.
– Но, сега се такви протоколите и ќе мора да се почитуваат. Треба да бидеме сите апсолутно претпазливи, посебно менаџерите на институциите во делот на обезбедувањетго, но проверките мора да се реализираат, порача Спасовски.
Во СВР Скопје утрово околу 09.45 часот било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираа денеска од МВР.
И од НБРСМ исто така, денеска, околу 10.10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.
Од МВР нагласуваат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
