-->
-->
Спасовски – Палмер: Очекуваме скорешна одлука на ЕУ за почеток на преговорите по исполнувањето на критериумите за НАТО
-->

Од резултатите од реформите и од нивното спроведување се очекува позитивна и скорешна одлука на ЕУ за почеток на преговорите како логичен чекор и заради исполнувањето на сите критериуми и стандарди за членството во НАТО.
Ова го истакнал специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер денеска на средбата со премиерот Оливер Спасовски, на маргините на Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, повторувајќи ја определбата на неговата земја за поддршката на реформите и нивното спроведување во Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата уште еднаш беше потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија, а како посебно беше издвоено лидерството на земјата во регионалната соработка.
Во таа насока, се посочува, премиерот Спасовски истакна дека Македонија останува посветена на исполнување на обврските од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и на Договорот од Преспа со Грција, кои добија признание дека се остварени во духот на европските вредности, и дека се светол пример за решавање на билатерални спорови во регионот, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
