Спасовски: Политиканството во вакви случаи на убиства уште еднаш ги убива жртвите, сите оние кои имаат докази веднаш да ги предадат

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на просториите на Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на РЦ Запад, СВР Охрид и СВР Битола, по изјавата за медиумите, беше запрашан за коментар на изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за наводни пропусти во врска со истрагата за двојното убиство во Скопје и Велес.
„Политиканството во вакви случаи на убиства уште еднаш ги убива жртвите. Тоа не е добро и нема никаква цена која може да биде оправдана од ваков вид. Тоа се политиканства од најдолен вид кои ги преземаат такви екстремни десничарски кругови. Не посакувам да се впуштаме сите во политиканство, туку да се работи сериозно, до крај да се проширува истрагата, да се откријат сите факти и докази. Сите тие криминални радикални гнезда, како што истакнав, мора да бидат разоткриени и целосно уништени. Затоа што хранењето на мотивите на такви луѓе може да предизвика сериозни последици”, порача министерот Спасовски. Притоа, тој појасни дека се испитуваат сите комуникации на осомничените лица и лица надвор од таа група.
„Секако дека се испитуваат и многу видови комуникации кои биле изминатиот период, и со осомничените и со лица надвор од оваа група. Сметам дека ќе се дадат и многу други одговори во однос на конекциите. Тоа е важно за истрагата, за тие радикални структури да бидат целосно разбиени”, истакна Спасовски.
Министерот Спасовски упати апел до сите за одговорно однесување и потенцираше дека сите оние коишто велат дека имаат докази да ги предадат на истражните органи, бидејќи доколку не ги предадат – тоа е кривично дело.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
