Спасовски потврди дека исплатите во МВР за обештетувања 90 проценти биле за не исплата на бонус за прекувремена работа

Премиерот Оливер Спасовски потврди дека во МВР имало исплата на обештетувања, но во најголем дел, преку 90 проценти, појасни, се однесуваат на не исплата на бонус плата за работење прекувремена работа, тоа се факти и аргументи.
Одговарајќи на новинарското прашање дали е точно дека четири милиони евра годишно се трпошеле додека бил министер за обештетување на вработени кои го тужеле МВР и го добиле процесот, Спасовски на прес-конференција информира дека во Министерството се трошат многу повеќе од четири милиони евра заради тоа што има поголем буџет и ако сакаме да имаме безбедна држава, подвлече, треба да знаеме оти тоа чини пари.
– Оваа 2019 година е прва по многу години во која МВР не пренесува долг за 2020 година и прва година во која јас и мојот тим тогаш во МВР обезбедивме бонус плата за секој еден вработен што работел повеќе од 150 часа прекувремено во текот на годината, се со цел да нема можност за тужби и дополнителни трошоци за државата односно за МВР. Ако не ги дадеме тие пари сега за тоа што го одработиле македонските полицајци, треба да ги дадеме преку судски одлуки, укажа премиерот Спасовски.
Тој апелираше до министерот за вантрешни работи Наќе Чулев да ги потпише одлуките и решенијата со кои ќе се исплати оваа бонус плата и со тоа, како што истакна, да бидат задоволни полицајците и да бидат повеќе мотивирани за да имаме подобра безбедност.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
