Спасовски: Се преземаат сите мерки во врска со инцидентот на навивачите во Тетово
МВР ги презема сите потребни мерки во врска со вчерашниот инцидент со навивачите во Тетово, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-За навивачите кои скандираа националистички пораки во Тетово, во рамки на СВР-Тетово се преземаат мерки и во делот на едната или другата група. Денеска дадовме посебна задача во делот на превенцијата за да работиме со двете навивачки групи. Не смееме да дозволиме нивните конфликти, кои изобилуваат со таков говор на омраза да бидат секојдневие во Република Македонија.
На социјалните мрежи вчера беа споделувани видеа на кои се слушаат песни и извици од припадници на навивачката група „Балисти“, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости.
Претходниот ден пак, низ улиците на Тетово минале припадници на навивачката група „Војводи, кои славеле 30 години и кои исто така користеле навредливи зборови за време на нивното движење низ улиците.
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска исто така најостро го осуди вчерашниот инцидент во Тетово.
Ново на Сител
-
Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ
-
Утре посвежо со повремени врнежи од дожд
-
Гордана Сиљановска-Давкова прва жена претседател на Северна Македонија
-
Груевски и честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и испрати порака
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“