Македонија
25. February 2016 - 15:34

Спасовски се сретна со словачкиот амбасадор Безак

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на Словачка  во Македонија Мартин Безак.

Како што соопшти МВР, Спасовски и Безак разговарале за миграциската криза, активностите и операциите кои се преземаат за справување со неа, како и за подготвеноста на Словачка и натаму да и помага на Македонија со персонал и друга потребна помош за справување со последиците од мигрантската криза. 

- Министерот Спасовски и Амбасадорот Безак разменија мислења и за политичката криза во Република Македонија и работата на Министерството за внатрешни работи, при што амбасадорот ја истакна поддршката што Словачка Република и ја дава на Република Македонија за решавање на проблемот односно целосно исполнување на Договорот од Пржино и стабилизирање на политичката ситуација, се вели во соопштението.

На средбата воедно е изразено задоволство од интензивната соработка помеѓу Македонија и Словачка, а особено е потенцирана соработката на министерствата за внатрешни работи.