Спасовски за Нефи Усени: Ќе се санкционира секое насилничко и незаконско однесување
![]()
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата презема мерки во врска со инцидентот што го предизвика охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини, а по целосното комплетирање случајот ќе биде предаден до Обвинителството за натамошно постапување.
– Тоа е состојба на човек кој се однесува крајно неодговорно, насилнички. Тој е повикан во полициска станица, земени се изјави, а се земаат изјави и од други сведоци очевидци на целиот настан и сите елементи што ќе бидат исполнети за кривично дело ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, изјави министерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање до каде е случајот со инцидентот направен од страна на Усеини.
Спасовски апелираше Јавното обвинителство да постапува и сите заедно, потенцира, да се спротивставиме на насилничко и незаконско однесување без разлика кој од каде доаѓа.
– Ако некогаш борбата беше во државата за слободен демократски свет и развој, сега е моментот да се бориме сите заедно чесни, одговорни правдољубиви луѓе против криминалците, арамиите и бандитите во државата. Останувам на тој став и ги повикувам сите граѓани заедно да се избориме затоа што ова е битката што не смееме да ја изгубиме, изјави миностерот Спасовски, по денешната посета на Полициската станица Карпош и локалната самоуправа, по што заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев присуствуваат на седница на Локалниот совет за превенција.
Ново на Сител
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
