Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Родос, спасени 29 лица
Од рано утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Родос за пронаоѓање на бегалци и мигранти, а веќе се спасени 29 лица од околу 80 кои се пренесувале во чамецот што се нашол во тешка положба, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека утрово биле информирани дека чамец со странски државјани е во тешка положба, по што веднаш започнала акцијата во која учествуваат два чамци за спасување на крајбрежната служба, еден брод на воената морнарица, три брода што се во близина, како и хеликоптер Супер пума.
Досега, спасени се 29 лица, додека според она што тие го кажале, во чамецот имало околу 80 бегалци и мигранти. Спасувачката акција е на 38 наутички милји јужно од Родос во меѓународните води и во рамките на делот во кој Грција е одговорна за потрага и спасување. Од првиот момент бил информиран министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, кој дал наредба веднаш да се мобилизираат сите средства за спасување на лицата.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло