Специфични „казни“ за неправилно паркирање во Софија

Граѓаните на Софија ги зедоа работите во свои раце. Имено, во градот се појави група која бара неправилно паркирани возила и ги казнуваат возачите со - натписи и графити.
Сето тоа се случува зашто институциите во бугарската престолнина се амнестирале себеси од одговорноста, па луѓето мораат самите да воведат ред, објавува бугарски „Монитор“, дополнувајќи дека граѓаните со спреј пишуваат „Отстрани го автомобилот“.
За да го отстранат од срамниот натпис, несовесните возачи ќе мора да платат најмалку 1000 лева (над 500 евра).
- Не е ова начинот, но веќе стануваме робови на овие автомобили. Секој искомплексиран си купува сешто без оглед дали му треба или не и сите треба да го поднесуваме тоа. Жално е што ги нема институциите, што би го замениле спрејот, напиша еден загрижен граѓанин објавувајќи на Фејсбук фотографија од туѓ вандализиран автомобил.
Слична акција и претходно спроведуваа вакви групи, кои ставаа лепенки на кои пишуваше „Паркираш како идиот", „Извинете што сум простак", „Јас сум идиот", „Сакам да сум инвалид" на возила чиишто сопственици ги паркирале каде што не треба или пак, зафатиле место наменето за лица со попреченост.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
