Специјалното обвинителство на Бугарија го тужи шефот на бугарските русофили за шпионажа во корист на Русија
Долгогодишниот бугарски поранешен претседател на движењето Русофили, сега лидер на политичката партија „Ренесанса на татковината”, Николај Малинов е тужен од специјалното обвинителство за шпионажа и откривање државни тајни, јави дописникот на МИА од Софија.
Во ноември 2019 година, тој беше ослободен од притвор за да биде лично награден од рускиот претседател Владимир Путин.
Малинов во моментов учествува на парламентарните избори како дел од коалицијата „Лева унија за чиста и света република”, заедно со поранешниот премиер и поранешен лидер на БСП, Жан Виденов.
Обвинителството соопшти дека бројни испрашувања на сведоци, претреси, заплени и лични извршени се претреси, изготвени се два компјутерско-технички прегледи, извршен е графолошки преглед на физичките докази, собрани препораки и документи, кои Малинов и ги предал на Русија.
Ново на Сител
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Сообраќајот се одвива по суви коловози
-
Наутро студено, преку ден сончево до 25 степени
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил