Македонија
20. July 2015 - 8:46

Спектакуларно затворање на „Пивофест“ со Дино Мерлин

Четири денови полни со забава, стотици илјади посетители од Македонија, Балканот и светот. Заврши прилепскиот ПивоФест.

Последен на сцената настапи Дино Мерлин, една од најголемите ѕвезди во регионот. Со право беше најавен како најспецијален гостин. Неговите хитови творени со децении ечеа низ цел Прилеп. Публиката од сите генерации која во Прилеп се забавуваше од четвртокот, последните два часа од фестивалот доживеа еуфорија.

Синоќа на сцената настапија и Ален Хасановиќ, Гоца Тржан, Трајче Ѓоргиев. Со оваа одлична комбинација достојно беше затворено ова издание на најпосетениот фестивал во земјава.

Од најспектакуларниот настап ви ги пренесуваме фотографиите во продолжение

dinoo33

dinoo44

dinoo55

dinoo66

dinoo77

dinoo88

dinoo99