СПМ: Извештајот на ЕП - индиферентност кон македонскиот идентитет, јазик, нација, култура и историја

Социјалистичката партија на Македонија Извештајот на Европскиот парламент го оценува како индиферентност кон македонскиот идентитет, јазик, нација, култура и историја. Иако тие се реалност и никој не може да ги спори европските парламентарци наводно се држеа кон суштината на Извештајот со отфрлање на карактеристиките на македонската посебност.
Општото мислење во домашната јавност е дека Европскиот парламент како и Европската комисија јавно и јасно покажаа дека не ги почитуваат народот и државата Македонија. После 20 години чекање и лажни ветувања за секакви отстапки тие подлегнаа или ги прифатија фашизоидните и империјални намери на Бугарија за уништување на Македонската држава и нација.
Социјалистичката партија на Македонија повторно потсетува на бугарската Доктрина изгласана од тамошниот Парламент во која јасно се дефинираат агендата и планот за уништување на македонската нација и идентитет, односно на продолжување на Санстефанската големо бугарска агресивна политика и експанзионизам
Па од таму Социјалистичката партија на Македонија укажува на непромисленоста и неукоста на европските авторитети затоа што преку поддршката на бугарските интереси во суштина поддржуваат трета и многу поголема и кон нив спротивставена империјална политика која како продолжена рака ги има бугарските регионални експанзионистички ставови.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на мобилизација на сите ресурси во државата за да се спречат намерите на Бугарија и на нејзините поддржувачи. Тоа мора да биде запрено и само со јасна позиција државата може да се избори и да го сочува својот суверенитет и независност.
Со ваквите позиции Европските институции и Бугарија ја принудуваат Македонија да го проблематизира Договорот за добрососедство и да ги преиспита срамните протоколи со кои се предава и се подредува државата под владение на Бугарија за која отворено може да се каже дека, наместо добрососедски, има очигледен непријателски однос кон Македонија. Прашање е колку овие документи остануваат правно валидни по нивното реално прекршување во праксата од страна на Бугарија.
Затоа Македонија мора да се насочи кон сопствениот раст и развој и кон поддршката од стратешките партнери за да остане сомостојна и независна од било какви уцени и притисоци.
Стратешката цел на Македонија и понатаму е полноправното членство во ЕУ, но во овие услови македонската политика и македонските граѓани треба да се стремат кон внатрешно усвојување и примена на европските вредности, воспоставување на независен судско-обвинителски систем, унапредување на демократските капацитети и економски развој, исклучиво во интерес на македонската држава и македонскиот народ и сите граѓани.
Македонија и македонскиот народ мораат конечно да се раководат исклучиво од сопствените државни и национални интереси.
Ново на Сител
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
