СПМ: Можен ценовен шок од почетокот на март
Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува граѓаните дека цените на дел преханбени прозиводи беа замрзнати до декември лани, продолжено до јануари и последно со важност до крајот на февруари годинава.
Власта најави слободно формирање на цените што значи од почетокот на месец март следи раст на цените и на инфлацијата.
Со циничните фалби дека се зголемени платите, пензиите и приходите СДС и ДУИ лицемерно сакаат да претстават розева слика која нема врска со реалноста.
Напоменуваме, вистината е дека граѓаните се очајни, осиромашени и со приходи кои не се доволни ниту за елементарен и основен живот.
А самото замрзнување на цените е промашена политика на СДС и ДУИ што не даде никакви резултати, освен за лажење на граѓаните, за што СПМ неколку пати предупреди.
Во оваа прилика предупредуваме дека со највеното намалување на субвенциите за струја дополнително ќе се осиромашат граѓаните. Со тоа ќе се зголемува нивното незадоволство и гнев. СДС и ДУИ тоа и го заслужуваат и многу повеќе од тоа затоа што не водат сметка за ништо и за никого, освен за лично богатење и крадење.
Крајно време е граѓаните да сфатат дека нивниот живот е со влошен квалитет, ограничен и отежнат заради лошите политики на СДС и ДУИ кои мора да се сменат, а носителите на тие политики да одговараат и да одат во историјата.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ