СПМ најавува обнова
Социјалистичката партија на Македонија наводната успешна политика и зголемувањето на платите и пензиите од страна на СДС и ДУИ ги оценува како неодмерени изјави и продолжени шарени лаги за нивни предизборни потреби.
Кога споредуваат раст на приходи за изминати две години манипулантите од СДС и ДУИ не ги споредуваат реалните плати и пензии туку само номиналните, без да направат споредба со инфлацијата.
При инфлација од 25% за периодот на споредби факт е дека приходите реално се намалени, куповната моќ реално е опадната, граѓаните се осиромашени и изгубени им се можностите за подобар живот.
СДС и ДУИ упорно ги потценуваат граѓаните кои реално ги согледуваат состојбите и живеат тешко со обезвреднети приходи. Затоа граѓаните се незадоволни и имаат реални барања за повисоки плати и пензии.
СДС и ДУИ се глуви на барањата на граѓаните и продолжуваат да лажат и да крадат со најави за непотреби инфраструктурни и коцкарски проекти.
Социјалистичката партија на Македонија заедно со Коалицијата "Обнова на Македонија" најавува обнова на државата и спас од криминалите на СДС и ДУИ.
Единствено со масовна излезност на претстојните избори и со гласање за национално определените претставници Македонија може да застане на правиот развоен пат.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
КСЗД: Државните институции ги дискриминираат граѓаните, од приватниот сектор се плашат да пријават неправилности
-
ВРЕДИ на итна средба
-
Дали за ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е прифатливо Таравари да остане во владата, ако излезе од ВРЕДИ?
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет