Македонија
13. September 2022 - 10:39

СПМ: Предвремени избори за спас на државата од стопанско пропаѓање, финансиски колапс и социјален хаос

Социјалистичката партија на Македонија укажува на усложнувањето и загрижувачката ескалација на економската криза во државата.

Двоцифрената инфлација од 16,8%, меѓу највисоките во Европа, ги осиромашува граѓаните, ги обезвреднува платите и пензиите, стандардот паѓа, а секојдневно расте и јавно се изразува незадоволството на граѓаните од политиката на власта на СДС. 

Социјалистичката партија на Македонија ја упатува неодговорната Влада дека мора да престане со нерационалното трошење и без одлагање да се концентрира кон градење на антиинфлациона програма, како и донесување на итни конкретни мерки за помош на социјално загрозените семејства.

Цените на енергијата, храната и услугите доколку не се субвенционираат создаваат несигурност за егзистенцијата на граѓаните и членовите на нивните семејства. Посебно се загрозени вработените лица со ниски приходи и земјоделците кои Владата постојано и смислено ги запоставува и го намалува производството на храна.

Заради лошото менаџирање на кризата од Владата стопанството е пред колапс, а недостигот и високите цени на енергенсите ги прават неизвесни зимата и наредните месеци за оддржливост на компаниите и вработените.

Власта внесува страв и несигурност кај граѓаните за нивната иднина со цел да го оттгрне вниманието и да може полесно да манипулира за свои лични интереси и неограничено да се богати на криминален начин.

Најизразени карактеристики на актуелната нелегитимна и некомпетентна влада се: корупција, непотизам, институционална неефикасност, нетранспарентност и неодговорност, со што државата се руши и се дестабилизира од власта за да се подредува под туѓи влијанија.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека за сите негативни и криминални појави мора да има конкретна одговорност кај носителите на власта и одлучување. Секоја злоупотреба мора да се евидентира и да биде санкицонирана и казнета.

Македонските социјалисти истакнуваат дека излез од овие неповолни состојби и длабоката политичка, економска, финансиска, здравствена, мигрантска, топлинска, енергетска и прехрамбена криза е неодложното одржување на итни и предвремени парламентарни избори за спас на државата од целосно стопански пропаѓање, финансиски колапс и социјален хаос и безнадежност.