Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
Споделувањето на десертот може да го зајакне чувството на блискост во љубовта, посочува ново истражување објавено во американското научно списание „Пабмед“ (PubMed).
Оние ситни мигови на битка за последното парче чоколадо во чинијата, проследено со насмевки и шеги меѓу двајца во врска – имаат подлабоко значење отколку што тоа изгледа на прв поглед, сметаат научниците. Имено, во таквиот миг се ослободува серотонин и окситоцин, хормони во човековото тело што го зголемуваат чувството на задоволство, среќа и блискост. Секој заеднички залак е повеќе од вкус – ја зајакнува врската, се вели во написот.
Психолозите долго време ја проучуваат благотворноста од заедничкиот оброк, па истражувањата потврдуваат дека споделувањето храна, а особено слатките ја зајакнуваат емоционалната врска.
Интересно е тоа што научниците истото го забележале и кај шимпанзата, кои исто како и луѓето, ја делат храната со своите најблиски единки. Имено, друго истражување објавено во списанието „Просидингс оф д’ Ројал сосајетy“ (Proceedings of the Royal Society) покажа дека шимпанзото кое споделува оброци со своите блиски од опкружувањето, има поголема приврзаност кон тие единки, исто така – поради зголеменото ниво на окситоцин.
Споделувањето храна отсекогаш било симбол на доверба и блискост, а тоа, се чини – особено важи за слатките задоволства. Обичен миг исполнет со чоколадо, се вели, ќе се претвори во спомен.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски