Според анкетите Пирц Мусар со најголема поддршка во вториот круг од претседателските избори
Во вториот круг од претседателските избори во Словенија најверојатно ќе победи независната кандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, покажуваат резултатите од анкетата што агенцијата Нинамедија ја спроведе за словенечкиот весник Младина од 27 до 29 октомври.
Според резултатите од таа анкета, Пирц Мусар би била избрана од 61,3 отсто од гласачите, додека парламентарниот претставник на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), Анже Логар, наводно, би бил поддржан од 38,7 отсто од гласачите.
Анкетата на Младина покажува дека Наташа Пирц Мусар во голема мера ја поддржуваат симпатизерите на сите три партии од владејачката коалиција (Движење за слобода, социјалдемократи – СД и Левица), но и од оние кои не можат да одлучат која партија да поддржат.
Од друга страна, Логар е поддржан од симпатизерите на десничарските партии, СДС и Нова Словенија (НСи).
Според податоците на Нинамедија, Пирц Мусар ја поддржале 84,3 отсто од оние кои гласале во првиот круг за заедничкиот кандидат на СД и Движењето за слобода Милан Брглез, 56,9 отсто од оние кои гласале за градоначалникот на Кочевје Владимир Пребилич, и речиси сите гласачи што го поддржаа кандидатот на Левица во првиот круг, Миха Кордиш.
Според предизборната анкета на Нинамедија, Анже Логар го поддржале 95 отсто од гласачите на СДС и 77,8 отсто од гласачите кои во првиот круг гласале за претседателскиот кандидат на НСи Јанез Циглер Краљ.
Агенцијата Нинамедија предвиде излезност на гласачите од 49,2 отсто за вториот круг од изборите што ќе се одржи на 13 ноември, но истовремено предупреди дека предвидената излезност на гласачите обично е поголема од реалната излезност. Резултатите од првиот круг на претседателските избори покажаа дека помалиот одѕив на гласачите бил во корист на Логар, пишува Младина.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
