Бод им треба на Србија и Словенија за пласман на ЕУРО 2024
Еден бод им треба на репрезентациите на Србија и Словенија за да изборат пласман на Европското првенство во Германија.
Србија на домашен терен ја победи Црна Гора со 3:1, додека Словенија на гостински терен ја совлада Северна Ирска со 1:0.
Репрезентацијата на Црна Гора не се покажа како лесна задача за избраниците на Драган Стојковиќ. Србија поведе веќе во деветтата минута со прекрасниот гол на Александар Митровиќ, но Стеван Јоветиќ во 36. минута со силен удар по брз контранапад израмни на 1:1.
Со тој резултат влеговме во последните 20 минути игра, но потоа Србите брзо постигнаа два гола за победа. Митровиќ најпрвин погоди во 73. минута по убава акција и асистенција на Душан Тадиќ за 2:1, а потоа четири минути подоцна му ја врати асистенцијата на Тадиќ, кој со прецизен удар од околу 20 метри ги постави конечните 3:1.
Србија до крајот на квалификациите ќе игра само натпревар против Бугарија во кој и е доволен бод за пласман на ЕП. Црна Гора ќе игра против Литванија и Унгарија.
Важна победа оствари и Словенија. На гостувањето во Северна Ирска славеше со голот на Черин го постигна во петтата минута од прекрасно изведен слободен удар.
Избраниците на Матјаж Кек ќе гостуваат во Данска и ќе го пречекаат Казахстан до крајот на квалификациите. За пласман на ЕП доволен ќе им биде бод против Казахстан, единствената репрезентација која може да ја исфрли од првите две места. Словенија може да загуби и од Казахста, доколку слави против Данска.
Ново на Сител
-
Мачка со девет животи: Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп