Крикетот и флаг фудбалот најверојатно нови олимписки спортови од 2028
Флаг фудбалот и крикетот се меѓу петте спортови кои, неверојатно, ќе бидат вклучени во програмата на Летните олимписките игри 2028 во Лос Анџелес.
Извршниот Одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) предложи флаг фудбалот и крикетот, заедно со безбол – софтбол., лакрос и сквош, да бидат нови олимписки дисциплини почнувајќи од Игрите во 2028.
Вклучувањето на крикетот се очекува на МОК да му донесе приход од најмалку 100 милиони долари од телевизиските права на емитување во Индија, каде овој спорт има голема популарност, а се повеќе приврзаници во светот има и флаг фудбалот, кој претставува таканаречена бесконтактна верзија на американскиот фудбал.
Конечната одлука треба да биде донесена в понеделник на состанокот на кој ќе присуствуваат 100 членови на МОК, кои вообичаено ги прифачаат препораките на Одборот.
Ново на Сител
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО