Нејмар би можел да се врати во родниот Сантос во 2025 година

Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар може да се врати во бразилскиот шампионат во 2025 година.
„Sport.es“ објави дека 31-годишниот фудбалер сака во иднина да се врати во својот матичен клуб Сантос за со овој тим да се подготви за Светското првенство во 2026 година.
Токму поради оваа причина Нејмар не потпиша четиригодишен туку едногодишен договор со Саудијците.
Исто така, се известува дека Бразилецот веќе стапил во контакт со Сантос за неговото враќање.
Нејмар се пресели во Ал-Хилал во летото 2023 година. Во моментов нема постигнато ниту еден гол и има две асистенции на три натпревари за тимот.
Претходно беше објавено дека Нејмар побарал оставка од тренерот на Ал Хилал, Хорхе Жесус. Меѓутоа, подоцна фудбалерот оваа информација ја нарече глупост.
Нејмар потекнува од младинската школа на Сантос. Тој беше во клупскиот систем од 2003 до 2013 година.
Ново на Сител
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
